домаМакедонијаНиколоски: Набавивме 49 нови возила и специјализирана опрема за да помогнеме на...

Николоски: Набавивме 49 нови возила и специјализирана опрема за да помогнеме на општините за подобрување на комуналната хигиена

- Advertisement -spot_img

Нови 49 возила и специјализирана опрема за комунална хигиена добиваат Градот Скопје и повеќе општини во земјава, како дел од проектот реализиран со поддршка на Светската банка. Новите возила денеска беа промовирани од претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски и претседателот на ЗЕЛС, Орце Ѓеоргиевски.

Вицепремиерот Николоски истакна дека набавката е реализирана преку транспарентен процес, при што од проценетата вредност од 5,5 милиони евра, опремата е набавена за 4,2 милиони евра, со што е остварена заштеда од околу 1,3 милиони евра.

Сакам да кажам како дојдовме до оваа идеја и како почнавме. Ние имаме со Светската банка како Влада и како министерство, еден проект кој што траен неколку години, за ревитализација и за изградба на нови локални и регионални улици и тие се спроведуваат низ сите општини во државата. Имајќи предвид дека последните два повици беа исклучително добро направени, дојдовме до една заштеда на средства во тој момент од околу 5,5 милиони евра и тогаш се сретнавме со директорката на Светска банка и нејзиниот тим. Се сеќавате минатата година што се случуваше со претходниот градоначалник во Скопје, и во едни такви услови разговаравме како е најдобро да се помогне и на Градот Скопје и на останатите општини. И идејата дојде, овие возила кои што денес се реалност, се најдобриот начин да се помогне на Град Скопје и на останатите општини. Влеговме во процесот и повторно направивме заштеда, проценетата вредност беше 5,5 милиони евра, а вкупната вредност на оваа вредност е 4,2 милиони евра. Што значи дека низ еден транспарентен процес успеавме да ја завршиме набавката и тука да заштедиме средства, истакна Николоски.

Николоски посочи дека вкупно се набавени 19 мултифункционални камиони од различен тип, 9 специјализирани камиони, цистерни, и 21 мултифункционално возило, кои што треба да помогнат во чистење на улиците.

Во овој проект ќе има возила за градот Скопје, Куманово, Прилеп, Охрид, Тетово, Неготино, Кичево, Дебар, Велес, а се надевам дека со останатите проекти ќе има и за останатите општини, потенцираше заменик претседателот на Владата.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img