„Често ги условуваме граѓаните, ако ова маало нѝ го даде гласот, ќе го асфалтираме, знаете, оние стари методи, од минатиот век“, посочи претседателот на Собранието, Африм Гаши, во гостувањето на „Клик Плус“ на ТВ21, критикувајќи го односот на политичарите кон граѓаните.
Гаши истакна дека е поборник на идејата за деполитизација на граѓаните, но исто така, тој нагласи дека треба да се прави разлика помеѓу политиката и јавниот активизам.
„Верувам дека секој граѓанин има должност да биде активен во јавниот живот, бидејќи, на крајот на краиштата, ние сме човечки суштества и сме создадени да содејствуваме со луѓето. Ние сме и социјални суштества, и суштинското прашање на нашето постоење се поврзува и со она што ние правиме за другите луѓе“, рече Гаши во гостувањето на ТВ21.






