домаМакедонијаШасивари: Борбата против организираниот криминал и корупцијата во затворите меѓу приоритетите за...

Шасивари: Борбата против организираниот криминал и корупцијата во затворите меѓу приоритетите за реформи на пенитенцијарниот систем

- Advertisement -spot_img

На Регионалната конференција „Организиран криминал во затворите – зајакнување на интегритетот, разузнавачките капацитети и соработката во Југоисточна Европа, министерот за правда Јетон Шасивари истакна дека борбата против организираниот криминал и корупцијата во затворите е еден од приоритетите во реформата на пенитенцијарниот систем.

„Криминалните мрежи не познаваат граници. Тие комуницираат преку границите, ги користат слабостите на институциите и ги поврзуваат своите активности во повеќе држави. Затоа и нашиот одговор мора да биде регионален.Потребно ни е побрзо и поефикасно разменување на разузнавачки информации, подобра координација меѓу институциите, заеднички проценки на безбедносните и корупциските ризици и заедничко градење на капацитетите на нашите пенитенцијарни системи “, потенцираше министерот за правда.

Тој посочи дека во изминатиот период се преземени конкретни мерки за зајакнување на системот – вработени се 100 нови службени лица, воведени се специјализирани антикорупциски обуки и се формирани единици за затворско разузнавање во Идризово, Штип, Прилеп и Затвор Скопје. Паралелно, се работи на професионализација на управувањето со затворскиот систем преку подготовка на законски измени со кои раководните позиции во затворската полиција треба да ги преземат искусни професионалци од системот.

Во врска со условите во затворите, министерот за правда информираше дека се обезбедени 25 милиони евра за изградба на објектите во КПД Идризово, во рамки на проект вреден 46 милиони евра, со цел создавање побезбедни и посоодветни услови согласно европските стандарди.

Шасивари посочи дека зајакнувањето на пробацијата и електронскиот надзор е важен дел од современата пенитенцијарна политика. Во 2025 година е изречена првата пресуда за куќен затвор со електронски надзор, а досега се донесени 11 судски одлуки за примена на оваа мерка.

„Ниту една држава не може сама да се справи со организираниот криминал. Ни треба побрза размена на разузнавачки информации, подобра координација и заедничко градење на капацитетите. Безбедноста на нашиот регион е заедничка одговорност“, порача тој.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img