Михајло Мудрик е пред ново поглавје во кариерата. Украинскиот репрезентативец ќе го напушти Челзи и ќе се пресели во Тотенхем на платена едногодишна позајмица, објави Фабрицио Романо.
Во договорот ќе има и опција за откуп, но таа нема да биде задолжителна. Тотенхем по завршувањето на сезоната ќе одлучи дали сака трајно да го задржи 25-годишниот фудбалер.
Особено интересна е можноста Мудрик повторно да работи со Роберто Де Зерби. Двајцата соработуваа во Шахтер, каде што Украинецот направи голем напредок.
Челзи го доведе во јануари 2023 година за огромна сума, но Мудрик не успеа да ги оправда очекувањата на „Стемфорд Бриџ“. Дополнителен проблем беше и допинг-случајот поради кој доби повеќегодишна суспензија. Подоцна, по договор со надлежните институции, суспензијата беше прекината и тој повторно доби право за настап.
Последниот натпревар за Челси го одигра во ноември 2024 година, па сега првиот предизвик ќе биде враќањето во натпреварувачки ритам.
Де Зерби добро го познава и во Тотенхем веруваат дека италијанскиот тренер може повторно да го извлече најдоброто од Мудрик.
За Украинецот ова е голема шанса повторно да покаже зошто некогаш важеше за еден од најталентираните млади фудбалери во Европа.






