Хју Џекмен во ново интервју зборувал за соработката со Зендаја, наведувајќи дека бил воодушевен од нејзината работа од самиот почеток.
Џекмен, исто така, се присетил што мислел кога ја видел Зендаја за прв пат.
„Се сеќавам дека првиот ден реков: „Оваа млада жена ќе биде најголемата ѕвезда на нејзината генерација“, рњкол тој.
Тој појаснил дека Зендаја имала исклучителен прв кадар на првиот ден од снимањето на „The Greatest Showman“, но додал дека режисерот Мајкл Грејси побарал втор кадар.
„Го повлеков настрана и реков: ‘Што правиш, нејзиниот прв кадар беше неверојатен’, а тој рече: ‘Знам, но не сакав да те засрамам тебе или Зак Ефрон, па помислив да ја натерам да направи повеќе од еден’“, објаснил тој.
Џекмен додал дека е вистинско уживање и задоволство да се работи со Зендаја и особено ја пофалил нејзината професионалност во работата.
Фото: Принтскрин/YouTube






