домаМакедонијаЕсенски или летен септември? Календарската есен е зад аголот, но времето подготвува...

Есенски или летен септември? Календарската есен е зад аголот, но времето подготвува изненадување

- Advertisement -spot_img

Голема е веројатноста оваа 2026 година септември месец во Македонија да биде потопол од повеќе годишниот просек и тоа за 1 до 2 степени. Во ваква ситуација, голема е веројатноста и во текот на месец септември да имаме нови топлотни бранови кои ќе условат температури некаде од 30 до 35 степени, а во Скопската котлина, во Повардарието, како и во југоисточните предели од Македонија и во текот на месец септември можно е температурите да се искачуваат близу 40 степени, најави Славчо Попоски.

Што се однесува пак до врнежите, во текот на месец септември тие ќе бидат околу просекот за тој месец. Сепак, повремено може повторно да очекуваме развој на нестабилност и на локални невремиња во Македонија.

Сѐ на сѐ, иако од 1 септември ни започнува климатолошката есен, сепак, и покрај ова летото нема да се предаде во никој случај, со што високите летни температури на воздухот ќе продолжат и во текот на месец септември.

Со оглед на тоа дека се работи за подолгорочна и месечна метео анализа, промени и одстапувања во истата се можни, па токму поради ова граѓаните да ги следат моите по краткорочни метео анализи, кои се со голема веројатност за остварување, сугерира метеорологот. Веројатноста за остварување на по краткорочните метео анализи е и за повеќе од 90% со можност заостварување на по краткорочните метео анализи, додава тој.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img