Крајот на продолжениот викенд и враќањето на граѓаните донесоа значително зголемена фреквенција на возила на патиштата низ земјава, како и подолги задржувања на дел од граничните премини.
Најголема гужва се бележи на граничниот премин Евзони-Богородица, во насока од Грција кон Македонија, каде за влез во земјава се чека и повеќе од два и пол часа.
Во спротивната насока, од Македонија кон Грција, возилата се пропуштаат побрзо.
Слична е состојбата и на граничниот премин Дојран, каде исто така има зголемена колона на возила кои се враќаат од Грција.
Зголемен интензитет има и во внатрешноста на земјата.
Гужви се забележуваат на наплатните станици, како и на патниот правец Охрид-Скопје, особено на приодот кон Гостивар.
Од АМСМ денеска официјално информираат дека интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини е зголемен.






