Безживотното тело на маж било извлечено за време на спасувачката акција во југоисточниот дел на Кипар, откако поради силното невреме три чамци се насукале на карпи, а спасени се пет лица, од кои двајца се повредени.
Епилогот од невремето кое што го зафати Кипар, е еден човек повреден од удар на гром, поплавени улици, пренасочени 11 летови, прекини во снабдувањето со електрична енергија, но и материјална штета.
Проблеми се регистрирани во областите Фамагуста, Никозија, Ларнака и Пафос. Единствено Лимасол не е погоден. Персоналот е повикан назад на работа, сите се во состојба на подготвеност и брзаат што поскоро да ја санираат штетата.
Лошите временски услови го попречија воздушниот сообраќај над Кипар во саботата, при што најмалку 11 летови беа пренасочени откако авионите не можеа да се приближат до островот поради обилните врнежи и невремето. Пренасочувањата биле предизвикани од лошото време, поради што авионите не можеле вообичаено да се приближат до Кипар. Првиот пренасочен лет бил од Данска кон Пафос, но бил пренасочен кон Родос. Уште 10 летови, кои требало да пристигнат на аеродромот во Ларнака меѓу 12 и 13 часот и 30 минути, биле пренасочени кон Пафос, Родос и Либан.






