Најмалку шест пријави за семејно насилство регистрирани се во полициските билтени ширум земјата во изминатото деноноќие. Покрај невенчаните сопруги, насилните се „пресметувале“ и со своите родители. А жител на Дебар нападнал малолетно девојче во присуство на нејзините родители. Еве дел од нив:
На 27.08.2026 во 18:30 часот, во ОВР Дебар е пријавено дека на улицата „Елена Ѓика“ во Дебар, едно лице физички нападнало малолетничка од Дебар. Со малолетничката, во присуство на нејзин родител и претставници од Центарот за социјални работи Дебар, извршени се службени разговори и во координација со јавен обвинител, се преземаат мерки за целосно расветлување на настанот, по што, против напаѓачот, ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 28.08.2026 во 01:20 часот во Радовиш, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш го лишија од слобода Ј.А. (25) од Радовиш, постапувајќи по пријава дека околу 01:00 часот во семејниот дом физички ја нападнал неговата 20-годишна сестра. Лицето е здржано во Полициската станица Радовиш и за настанот е известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Радовиш. По документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава
На 27.08.2026 во 11:20 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишија од слобода О.А.(37) од Велес, постапувајќи по претходна пријава дека во домот физички ја нападнал и ѝ се заканувал на неговата 33-годишна невенчана сопруга. Известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против О.А. ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 27.08.2026 во 19:10 часот во Неготино, полициски службеници од ОВР Неготино го лишија од слобода А.К.(42) од Неготино, постапувајќи по претходна пријава дека во домот агресивно се однесувал и им се заканувал на неговите родители. Тој бил задржан во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 28.08.2026 во 00:10 часот полициски службеници од СВР Тетово го лишија од слобода А.А. (23) од тетовско, по претходна пријава од неговата вонбрачна сопруга дека физички ја нападнал, а потоа и се заканувал. По целосно документирање на случајот, против него ќе следува соодветна пријава.
На 27.08.2026 во 23:00 часот во СВР Скопје, 22-годишна жена пријави дека околу 13:30 часот во угостителски објект на подрачјето на Чаир во Скопје, била физички нападната од нејзиниот чичко И.А.. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.






