домаСветВкупно 517 странци од 33 земји се водат за исчезнати во Непал...

Вкупно 517 странци од 33 земји се водат за исчезнати во Непал – меѓу нив и државјани на Србија и на Бугарија

- Advertisement -spot_img

Вкупно 517 странци од 33 земји засега се водат како исчезнати во разорните поплави во Непал, сооштија денеска локалните туристички претставници. Најголем број се државјани на соседна Индија – 178, како и од САД – 65, наведе Туристичкиот одбор на Непал.

Најмалку 55 државјани, чие исчезнување е пријавено во амбасадата на Малезија во Катманду, е невозможно да се контактираат, информира малезиското Министерство за надворешни работи.

Во поплавите во Непал исчезнаа и 53 Украинци, а бројот на австралиски државјани за кои е загубена трага изнесува 35. По катастрофата исчезнаа и 33 британски државјани, како и 25 Канаѓани.

Како исчезнати се водат и девет Јужнокорејци кои работеле во хидроцентрала, додека уште 10 останале заробени, соопшто министерството за надворешни работи на Јужна Кореја.

Исчезнаа и девет државјани на Сингапур, најмалку осум Германци и исто толку Руси. Загубен е контакт и со шест државјани на Јужна Африка и со шест Летонци.

Амбасадата на Јапонија побара потрага по пет Јапонци со кои не успеала да стапи во контакт. Исчезнаа и најмалку пет туристи од Нов Зеланд.

„Како исчезнати се водат и државјани на Србија, Бугарија, Белорусија, Белгија, Финска, Франција, Унгарија, Ирска, Израел, Италија, Казахстан, Литванија, Холандија, Филипини, Португалија, Шпанија, Швајцарија и Шведска“, се наведува во соопштението на Туристичкиот одбор на Непал.

Бројот на загинати, според последните информации, се искачи на 389, а речиси 1.500 лица и натаму се водат како исчезнати по поплавите од катастрофални размери кои го зафатија тешко пристапното подрачје што го поврзува Ласо на Тибет со главниот град на Непал, Катманду.

Во тек се спасувачки операции за пронаоѓање на преживеани, а стручњаците изразуваат загриженост за можен „втор и трет бран“ што би можеле да ги предизвикаат наносите во реките.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img