домаМакедонијаЧадот направи обвивка над Скопје

Чадот направи обвивка над Скопје

- Advertisement -spot_img

Густ чад направи обвивка над Скопје, а причината, според информациите од Центарот за управување со кризи, е активниот пожар во реонот на планината Китка, меѓу општините Студеничани и Зелениково.

Поради ветерот, чадот од пожарот се движи во правец на главниот град и е забележлив во повеќе скопски населби.

Во гаснењето на пожарот кај Китка досега е вклучен и хеликоптер на Министерството за внатрешни работи, додека надлежните служби ја следат состојбата на терен.

Од ЦУК информираат дека во моментов нема пријава за пожар на Водно, иако чадот е видлив и од тој дел на градот.

Во меѓувреме, на територијата на Општина Илинден се регистрирани уште два пожара, при што гори сува трева и ниска деградирана шума.

Засега, надлежните не го поврзуваат чадот над Скопје со нов пожар во градското подрачје, туку со огнената стихија која продолжува да гори во реонот на Китка.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img