Педесет и седумгодишна жена од Охрид пријавила дека била физички нападната во својот двор на улицата „Крсте Мисирков“.
Според информациите од МВР, случајот бил пријавен на 23 август во 11.34 часот во СВР Охрид.
Според пријавеното, нејзин сограѓанин најпрво со дрвен предмет удирал по металниот бокс во кој жената ги чувала своите кучиња, а потоа физички ја нападнал.
Од полицијата информираат дека по целосното документирање на случајот против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава.






