Македонската фудбалска репрезентација до 15 години на чело со селекторот Горан Станковски која што е дел од Мундијалот во Баку, Азербејџан денеска извојува победа над соодветната селекција на Панама со убедливи 4:1.
Во листата на стрелци се запишаа Фисник Амити, кој постигна два гола, Доротеј Христов и Стефан Стојаноски, кои по еднаш ја затресоа мрежата на противникот.
Македонија на овој натпревар настапи со следниот почетен состав: Марио Стојковски, Јетмир Асани, Дин Рожајац, Стефан Арсов, Давор Таневски, Јоан Ѓорѓиевски, Доротеј Христов и Јован Јанчевски.
Светското првенство во форматот 7+1 е дел од проектот на ФИФА за развој на младинскиот фудбал и обезбедување меѓународно натпреварувачко искуство. Натпреварите се играат со седум играчи во поле и голман, во времетраење од 40 минути, со две полувремиња од по 20 минути.
Македонија во групната фаза ја очекуваат уште натпревари против Чад, Кенија, Малта и Нигер, со можност за пласман во елиминациската фаза.






