домаРегионСЕ ЗАКАНИ ЛИ „УЧК“? - Немири во Македонија и регионот ако Хаг...

СЕ ЗАКАНИ ЛИ „УЧК“? – Немири во Македонија и регионот ако Хаг ги осуди командантите

- Advertisement -spot_img

Поранешниот командант на ОВК, Насим Харадинај, упати директни и застрашувачки закани за можна ескалација на ситуацијата во регионот, истакнувајќи дека Косово, Албанија и Македонија „ќе горат во пламен“ доколку Специјалниот суд донесе осудителна пресуда за поранешните водачи на ОВК на 16 септември. Во своето гостување на телевизијата Т7, тој потенцираше дека не само Косово, туку и целото албанско население ќе реагира жестоко на каква било затворска казна за Хашим Тачи, Кадри Весели, Реџеп Селими и Јакуп Красниќи, пренесе косовскиот медиум „Зери“.

Харадинај истакна дека е запознаен со најавите за славење од страна на одредени поединци во случај на осудителна одлука, но им порача дека оние што планираат да празнуваат, самите ќе изгорат во тој оган. Според него, судскиот совет во Хаг не смее да носи одлуки кои можат целосно да ја нарушат стабилноста на регионот, предупредувајќи дека евентуална таква пресуда целосно ќе ги преврти работите на терен и ќе иницира неконтролиран хаос.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img