домаШоубизЗАЕДНИЧКИ КОНЦЕРТ НА ЈЕЛЕНА ТОМАШЕВИЌ И ИВАН БОСИЉЧИЌ НА 28 АВГУСТ ВО...

ЗАЕДНИЧКИ КОНЦЕРТ НА ЈЕЛЕНА ТОМАШЕВИЌ И ИВАН БОСИЉЧИЌ НА 28 АВГУСТ ВО ОХРИД

- Advertisement -spot_img

Поп-пејачката Јелена Томашевиќ и актерот Иван Босиљчиќ ќе одржат заеднички концерт на 28 август во Античкиот театар во Охрид, од 20 часот.

„Ова ќе биде вечер љубовни песни, во која Томашевиќ и Босиљчиќ ќе ги спојат своите различни уметнички изрази на една сцена“, велат организаторите, „Тара продукција“.

Јелена Томашевиќ е една од најпознатите српски поп-пејачки, препознатлива по моќниот вокал и баладите. Во 2008 ја претставуваше Србија на Евровизија во Белград со песната „Оро“, и го освои шестото место. Има објавено повеќе албуми и настапувано на бројни фестивали и концерти во регионот.

Иван Босиљчиќ е српски театарски, филмски и телевизиски актер, но и пејач и изведувач на музичко-поетски програми. Долги години е член на ансамблот на Театарот „Теразије“ во Белград, каде што игра во мјузикли и претстави, а публиката во регионот го познава и по бројни телевизиски улоги.

Томашевиќ и Босиљчиќ се во брак од 2011 и ја имаат ќерката Нина.

Во март. двојката одржа четири концерти во Македонија, два во Скопје и два во Битола. Влезниците се во продажба преку продажната мрежа на „МК Тикетс“.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img