домаСветСтрашно невреме во Германија: торнадо корнеше дрвја и покриви, загина жена

Страшно невреме во Германија: торнадо корнеше дрвја и покриви, загина жена

- Advertisement -spot_img

Силно невреме вчера зафати делови од Германија и предизвика огромна материјална штета, а во градот Фирстенвалде во покраината Бранденбург беше потврдено торнадо, објави весникот „РНД“.

„Настанот во Фирстенвалде несомнено беше торнадо“, потврди Германската метеоролошка служба (ДВД).

Силниот ветер соборил повеќе дрвја низ градот, а според снимките и фотографиите од местото, на еден објект му бил откорнат и покривот.

На терен до доцна во ноќта интервенирале пожарникари и полицајци.

Во градот Валдорф, во Рајнска Област-Пфалц, жена била погодена од паднато дрво и починала од повредите. Друга жена била тешко повредена, соопшти полицијата.

Двете жени, на возраст од 58 и од 47 години, наводно се движеле заедно кога се приближило невремето и побарале засолниште под наткриен дел со клупи.

Во тој момент, невремето искорнало блиско дрво, кое паднало врз засолништето и ги погодило двете жени. Потпарол на полицијата изјави дека 58-годишната жена починала на местото на настанот.

Другата жена била пренесена во болница.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img