ОВР Гевгелија поднесе кривична пријава против 52-годишниот К.К. од Гевгелија поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „проневера во службата“.
Во период од 07.11.2025 до 03.03.2026 пријавениот, како стручен соработник во експозитура на банка во Гевгелија, во 13 наврати присвоил 4.920.000 денари и 63.350 евра кои му биле доверени во службата, на тој начин што без налог од корисниците, пристапувал до денарска платежна сметка на двајца корисници, при што причинил материјална штета на банката.






