домаКолумниШто кажа Европската Комисија по Самитот во Тиват

Што кажа Европската Комисија по Самитот во Тиват

- Advertisement -spot_img

Автор: Емил Кирјас, Кирјас Глобал

Самитот во Тиват, одржан на 5 јуни, заврши. Француско-германската рамка за постепена интеграција беше во голема мера прифатена како новата насока на европската политика за проширување. Во завршната декларација
беше поздравен новиот импулс, а Европската Комисија формално доби задача политичката волја да ја претвори во конкретна политика.

Се јавија и други нон-пејпери, како оној од земјите пријатели на Западен Балкан или
пак оној во кој се потпишани земјите од Бенелукс. Овој процес на на ревизија на проширувањето на ЕУ сега има и јасен датум: 30 септември 2026 година, кога Европската комисија ќе го објави документот што го
нарекува „Прегледи на политиките пред проширувањето“ (Pre-enlargement
Policy Reviews). Само две недели подоцна, на 15 октомври, Европскиот Совет ќе ја отвори политичката расправа за неговата содржина.

Вреди да се задржиме и на самиот назив. Не станува збор за „Пакет за проширување“. Не за „Патоказ за пристапување“. Најновата терминологија е „Прегледи на политиките пред проширувањето“, што јасно укажува на
внимателно избрана формулација, која е одмерена, но и намерно скромна. Дали таа воздржаност претставува разумно управување со очекувањата или пак, прв знак на постепено повлекување од вистинската амбиција, ќе покаже токму документот што ќе биде објавен во септември.

Во неделите по Самитот во Тиват, три европски институционални гласови веќе почнаа да ја скицираат неговата содржина. Еврокомесарката за проширување, Марта Кос, за време на посетата на Скопје на 8 јули, беше најконкретна. Документот ќе остане строго во рамките на постојните европски договори. Нема да има големи институционални ревизии, ниту отворање на темелните договори на Европската Унија. Наместо тоа, Комисијата свесно се определува за стратешки документ ограничен на областите околу кои веќе постои широк консензус меѓу сите 27 земји-членки. Тоа е свесен политички избор со кој од еднастрана, го ограничува обемот на реформите, а од друга страна, барем теоретски, ги намалува можностите поединечни држави повторно да го блокираат процесот уште на самиот почеток.

Во меѓувреме, претседателката на Европската Комисија, Урсула фон дер
Лајен, потврди дека Пристапниот договор на Црна Гора — првиот што Европската Унија ќе го подготвува по пристапувањето на Хрватска во 2013 година веќе активно се изработува, со цел неговото финализирање во 2028 година. Црна Гора практично станува жив тест-случај за новите реверзибилни заштитни механизми што Комисијата има намера да ги стандардизира преку септемврискиот Документ.

Во исто време, претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, целата иницијатива ја
постави во поинаква рамка. Тој не јапретстави како услуга кон земјите-кандидати, туку како безбедносен механизам за самата Европска Унија.

По осум години во кои тврдев дека празнините во европскиот простор
претставуваат закана и за земјите-кандидати и за самата Унија, значајно е конечно да се слушне токму таа логика од претседателот на Европскиот Совет.

Но, вистинскиот момент на вистината допрва доаѓа, а тоа е 30 септември. Може да се каже дека Самитот во Тиват ја потврди политичката
насока, а сега Европската комисија мора да ја изгради институционалната архитектура чиишто детали ќе ни кажат сè.

Што останува нерешено?

Да бидам искрен, не би си ја вршел работата – а ниту би бил “непоправливиот оптимист“ за кој често ме нарекуваат – доколку не направам разлика помеѓу она што навистина е постигнато и она што сè уште недостига.

Ветото мора да престане да биде оружје

Еврокомесарката Марта Кос најави дека септемврискиот Документ ќе предложи бројот на одлуки во Советот на ЕУ што бараат едногласност да се намали од околу 150 на приближно 70. Мора да прифатиме дека тоа е чекор напред. За првпат Брисел конкретно признава дека начинот на кој денес
функционира процесот на проширување е неодржлив. Но, тоа едноставно не е
доволно. Седумдесет можности за вето сè уште значат седумдесет можности една земја-членка да го блокира напредокот на кандидатот поради билатерален спор, историска расправија или домашни политички пресметки.

Ако постепената интеграција навистина треба да биде поттик за реформи, тогаш сите нејзини меѓучекори мора да се одлучуваат со квалификувано мнозинство (QMV). Едногласноста треба да остане само таму каде што отсекогаш припаѓала – при конечното потпишување на Договорот за
пристапување. Од 150 затворени врати стигнавме до 70 но тука не смее да
застане нашата амбиција. Но вистинската цел е – ниту една.

Преодна интеграција не е второкласно членство

Во последните недели се создаде впечаток дека во европската дебата се мешаат две сосема различни идеи. Марта Кос сосема со право ги отфрли предлозите новите членки трајно да бидат лишени од полноправно право на глас, бидејќи таков модел навистина би создал Европа од прв и втор ред. Тоа никогаш ниту беше мојот предлог, ниту ние никогаш не баравме трајно ограничување на правата. Баравме и сè уште бараме преоден набљудувачки статус во Европскиот Парламент, без право на глас, како мост кон
полноправното членство.

Целта беше и останува иста:политичарите и
граѓаните од земјите-кандидати да почнат да живеат во европскиот политички ритам уште пред формалното пристапување. Германија ја препозна оваа логика кога предложи создавање на “придружни членови“ на Европскиот Парламент за Украина.

Затоа, Комисијата не смее оправданото отфрлање на трајното двостепено членство да го претвори во аргумент за минимални и симболични решенија. Два заеднички состанока годишно не создаваат чувство на припадност, не создаваат политичка одговорност и сигурно не создаваат динамика за реформи.

Најголемиот противник е времето

Постои уште еден проблем за кој сè уште премалку се зборува, а тоа е факторот време. Претседателот на Европскиот Совет, Антонио Кошта, правилно ја постави безбедносната димензија на проширувањето. Конечно и
Европската Унија почна да зборува за проширувањето како за сопствен безбедносен интерес. Само по себе тоа не е доволно, бидејќи правилната реторика сама по себе не создава чувство на итност.

Ако Документот биде објавен на 30 септември, ако Советот расправа за него на 15 октомври, а потоа следуваат уште години преговори меѓу земјите-членки, тогаш
граѓаните во Скопје, Сараево или Белград нема да почувствуваат дека нешто навистина се менува. Во меѓувреме, светот нема да застане, бидејќи едноставно геополитиката не чека, конкуренцијата не чека, и да, историјата
не чека. Колку подолго трае неизвесноста, толку повеќе губат и кандидатите и самата Европска Унија.

Доколку септемврискиот документ не
понуди механизам што ќе го забрза процесот, тогаш постепената интеграција ризикува да стане само уште една, подобро дизајнирана
чекалница.

30 септември ќе покаже дали Европа навистина научила нешто

Осум години тврдев дека Западниот Балкан не смее да чека едно далечно, неизвесно и единствено „големо проширување“. Денес повеќе никој сериозно не го оспорува тој концепт, ниту Европската Комисија, ниту Европскиот Совет. Париз и Берлин денес зборуваат за постепена интеграција заснована на заслуги. Тоа претставува значајна интелектуална и политичка победа за
сите што ја застапуваа оваа идеја уште од 2018 година.

Но, победата нема да се мери според декларациите усвоени во Тиват. Таа ќе се мери според она што ќе биде објавено на 30 септември. Тој Документ ќе покаже дали
Европската Унија е подготвена конечно да ја претвори добрата идеја во функционална политика.

А веќе на 15 октомври ќе дознаеме дали земјите-членки имаат политичка храброст да ја поддржат. Прирачникот е направен и веќе постои, како и самата архитектурата е веќе поставена. Сега останува само уште едно
прашање:Дали Европа конечно е подготвена да го следи?

Во свет што се менува со невидена брзина, трпението повеќе не е доблест. Брзината стана предуслов за успех.

Што кажа Европската Комисија по Самитот во Тиват

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img