Некогашниот македонски селектор, и неспомнено наша фудбалска легенда, Бошко Ѓуровски денеска излезе со изјава во медиумите во Србија со која повикува на масовна посетеност на дуелот од третото квалификациско коло од Лигата на Шампионите помеѓу Црвена Звезда и Хапоел Бер Шева кој што се игра во вторник на стадионто Рајко Митиќ.
Шампионот на Србија им проблем и предизвик пред себе, затоа што загуби на првиот дуел со 1:0, па сега и е потребна полна поддршка за да може да мине понатаму.
„Доказ дека Црвена Звезда знае како да го сврти резултатот во двомеч по пораз од 1–0 во првиот натпревар има доста примери. Еден ќе наведам. Оној од 1980 година против тимот на Базел. На реваншот на „Маракана“ обезбедивме убедлива победа од 2–0, со што имаше пласман понатаму“ – вели Ѓуровски па додава.
„Бев млад, а тоа беше мојот прв меѓународен натпревар. Кога излегов од тунелот, можев да почувствувам како се тресе „Маракана“. Тој татнеж што доаѓаше од сите страни ти дава посебна енергија и сила, се чувствуваш непобедливо. Атмосферата беше неверојатно напната бидејќи го загубивме првиот натпревар на гостински терен со 1–0, но енергијата на публиката нè подигна. Успеавме да победиме со 2–0, а најголем впечаток ми остави публиката, можевме да почувствуваме неверојатна енергија што доаѓаше од трибините“ – додава Ѓуровски.






