домаСпортСилекс не сака да сопре – целта е победа против Шкендија Арачиново

Силекс не сака да сопре – целта е победа против Шкендија Арачиново

- Advertisement -spot_img

Силекс на стартот од новата сезона во ПМФЛ на домашен терен забележа убедлива победа од 6:0 во дуелот против Башкими, а денеска оди по првите гостински три бода. На стадионот „Чаир“ за ривал ќе го има тимот на Шкендија Арачиново.

Кратовскиот состав посакува да продолжи да чекори победнички во новата сезона. И покрај тоа што за ривал го имаат новиот прволигаш сепак тие се внимателни и очекуваат тежок меч.

Дарко Ангелески, играчот од средниот ред на Силекс и актуелен репрезентативец, посакува три бода.

Не очекува еден тежок натпревар против екипата на Шкендија Арачиново. Нема да ја потцениме екипата, имаат многу нови, добри и искусни играчи во своите редови, и покрај тоа што стартуваа со пораз во првото коло. Ние имаме свој план и стратегија како да го добиеме овој натпревар, и во Чаир одиме да се надигруваме и да ги освоиме трите бода. Атмосферата во екипата е одлична, стартуваме со триумф над Башкими, и сега одиме понатаму, секако сакаме да оствариме нова победа“, изјави Ангелески.

Дуелот меѓу Шкендија Арачиново и Силекс се игра денеска во 17 часот на стадионот „Чаир“.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img