домаСпортШкендија загуби во судиското надополнување, Хибернијан во Скопје доаѓа со минимална предност

Шкендија загуби во судиското надополнување, Хибернијан во Скопје доаѓа со минимална предност

- Advertisement -spot_img

Македонскиот вицешампион Шкендија со пораз се враќа од Единбург, откако загуби од Хибер ни јан во самиот финиш од мечот, со резултат од 2:1 во првиот меч од третото коло на Конференциската лига на УЕФА.

Шкотскиот состав до победата дојде во судиското продолжение, со што тетовскиот тим сега на реваншот во Скопје ќе бара победа која би можела тимот да го однесе до последната пречка за пласман во групната фаза.

Тимот на Јетон беќири одигра дисциплиниран и тактички зрел натпревар, особено во првиот дел кога домаќинот не успеваше да постигна гол. По чистите мрежи во првиот дел во второто полувреме во 73. минута Елдинг постигна гол за водство од 1:0.

Сепак, радоста на Хибернијан не траеше долг, Марко Ѓорѓиевски постигна гол за 1:1 и со тоа се врати неизвесноста. Но, во судиското надополнување по изведен корнер топката во целата таа мешаница во шеснаесетникот стигна до О’Хора кој од непосредна близина биеше за конечни 2:1.

Шкендија останува со реални шанси за пласман во плеј-офот, минималната негатива од 2:1 може да биде надополнета на реваншот во Скопје, а победникот од овој дуел ќе оди на мегдан од подобриот меѓу Гетеборг и Гент.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img