домаСветЧетири лица повредени во напад со нож во Лондон, уапсена една жена

Четири лица повредени во напад со нож во Лондон, уапсена една жена

- Advertisement -spot_img

Четворица мажи се повредени во напад што денеска се случил на улицата Ендел во Ковент Гарден, во центарот на Лондон. На местото веднаш интервенирале полицијата и екипите на итната медицинска помош.

На повредените најпрво им била укажана медицинска помош на самото место, по што биле пренесени во траума центар на понатамошно лекување. Засега нема официјални информации за тежината на нивните повреди.

Лондонската полиција соопшти дека на местото на настанот била уапсена 47 годишна жена под сомнение за напад и поседување опасен предмет. Полицијата пронашла и ножици за кои постои сомнение дека биле употребени при нападот.

Според првичната процена на истражителите, инцидентот би можел да биде поврзан со психичката состојба на осомничената. Полицијата продолжува да ги утврдува околностите и мотивите за нападот.

Нападот се случил во Ковент Гарден, прометна област во центарот на британската престолнина позната по бројните продавници, ресторани, театри и туристички атракции.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img