домаСветДрон со можен експлозив најден до украински „Антонов“ во Лајпциг

Дрон со можен експлозив најден до украински „Антонов“ во Лајпциг

- Advertisement -spot_img

Дрон со сомнителен товар бил пронајден во непосредна близина на украински товарен авион „Антонов“ на аеродромот Лајпциг/Хале во Германија, по што летовите ноќеска привремено биле запрени.

НАТО потврди дека беспилотното летало било забележано во близина на украинскиот авион и дека германската полиција го обезбедила. Според информации на германските медиуми од безбедносни извори, на дронот имало непозната материја и предмет за кој се претпоставува дека е детонатор. Засега официјално не е потврдено дека станува збор за експлозив.

Специјализирани полициски екипи со робот го прегледувале сомнителниот предмет. Јужната писта на аеродромот останала затворена и во утринските часови, додека сообраќајот по двочасовниот прекин продолжил преку северната писта.

Поради безбедносниот инцидент биле пренасочени еден патнички и 19 товарни авиони. Патнички авион што пристигнувал од Палма де Мајорка прво слетал во Нирнберг, а потоа го продолжил летот кон Лајпциг.

Товарен авион на ДХЛ, кој не можел да слета по затворањето на аеродромот, при повторното искачување се судрил со непознат предмет. Авионот безбедно слетал во Хановер, каде што биле забележани полесни оштетувања на неговиот преден дел. Засега не е утврдено со што се судрил и дали настанот е поврзан со пронајдениот дрон.

Полицијата истражува дали дронот, сомнителниот предмет и инцидентот со товарниот авион се поврзани. Истрагата ја водат Полициската дирекција во Лајпциг и Државната криминалистичка служба на Саксонија, под надлежност на Генералното обвинителство во Дрезден.

Аеродромот Лајпциг/Хале е еден од најголемите европски центри за товарен воздушен транспорт и седиште на главниот европски логистички центар на ДХЛ. На аеродромот се стационирани и украински товарни авиони „Антонов“.

Портпарол на германското Министерство за внатрешни работи потврди дека на аеродромот бил пронајден дрон, но поради истрагата не соопшти дополнителни детали. Полицијата наведе дека немало непосредна опасност за населението.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img