Дваесетгодишна девојка била физички нападната од својот партнер во Кичево, информира Министерството за внатрешни работи.
Според полициските информации, инцидентот се случил на 5 август 2026 година, околу 00:20 часот, на булеварот „Ослободување“ во Кичево. Во ОВР Кичево било пријавено дека Ф.Н. физички ја нападнал својата 20-годишна девојка.
Надлежните веднаш започнале со постапување по пријавата и преземаат мерки за утврдување на сите околности поврзани со случајот.
Од МВР информираат дека по целосното документирање на настанот, против лицето кое е пријавено за нападот ќе биде поднесена соодветна пријава.






