На 04.08.2026 во 09:00 часот во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишија од слобода А.Ш.(21) од Тетово поради основано сомнение дека сторил кривично дело „разбојништво“ по член 237 од Кривичниот законик. Според пријавеното, истиот ден во 04:00 часот со закана со нож од Д.С. (19) од Тетово одзел пари. Тој бил задржан во Полициската станица Тетово и по целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
…….
На 04.08.2026 во 01:10 часот во СВР Тетово е пријавено дека настанал пожар на ул.„Браќа Миладинови“ во Тетово во помошен објект, сопственост на Н.Н.(38) од Тетово. Нема повредени лица, а пожарот бил изгаснат од сопственикот. Увид на местото извршила екипа од СВР Тетово.
…….
На 04.08.2026 во 12:20 часот во ОВР Гостивар, 34-годишна жена од Гостивар пријавила дека во текот јуни 2026 година била доведена во заблуда и измамена од адвокат од Гостивар за сума од 800 евра. Според пријавеното, по претходни консултации во врска со службено постапување, адвокатот побарал да му плати за наводно застапување по предмет, за кој по извршени проверки, констатирала дека не постоел. Се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот.
……
На 04.08.2026 во 15:45 часот во ОВР Гостивар е пријавено дека во населба „Питарница“ во Гостивар се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „бмв“ со австриски национални ознаки, управувано од Х.Д.(32) од с.Форино, гостиварско и велосипед управуван од И.Р.(43) од Гостивар. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот, констатирани во Ургентен центар Гостивар. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Гостивар.
…….
На 04.08.2026 во 21:40 часот во Полициското одделение Теарце, М.М.(77) од с.Пршовце, тетовско, пријавил дека околу 18:45 часот пред неговиот двор, по претходна расправија за паркирано возило, бил физички нападнат од А.М. и А.М. од истото село. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
…….
На 04.08.2026 во 21:15 часот на улица „Јане Сандански“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го приведоа А.И.(32) од Тетово затоа што агресивно се однесувал и не постапувал по издадени наредби од полициски службеници кои извршувале службени дејствија. Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе следува соодветен поднесок.
……
На 04.08.2026 во 16:30 часот во Полициското одделение Теарце, Д.Ќ. пријавил дека неговата девојка Е.И.(20) и нејзината 16-годишна другарка, двете од с.Пршовце, тетовско, додека биле во такси возило, возачот започнал да се однесува непримерно, не го запрел возилото и не ги однел на бараната локација. Според пријавеното, тие успеале да скокнат од возилото во движење и побарале помош. За случајот е известен е јавен обвинител и Центарот за социјални работи Тетово. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.






