домаШоубиз„МакеДокс“ годинава под мотото „Само сонот е стварност“

„МакеДокс“ годинава под мотото „Само сонот е стварност“

- Advertisement -spot_img

Седумнаесеттото издание на фестивалот на креативен документарен филм „МакеДокс“ ќе се одржи од 20 до 27 август 2026 година, под мотото „Само сонот е стварност“.

Годинешното мото е инспирирано од наслов на песна на Тин Ујевиќ, но и од книгата на една од најзначајните македонски филмолози и филмски критичарки, Илинденка Петрушева – Бабе. Организаторите велат дека токму оваа мисла ја носи идејата на годинашното издание: соништата како простор што нè движи, поврзува и ни дава сила да создаваме.

Документарниот филм како живо сведоштво

Од „МакеДокс“ посочуваат дека фестивалот и годинава останува место каде документарниот филм не е само форма, туку живо сведоштво за времето, луѓето и вистините што често најјасно се гледаат низ објективот на камерата.

Во фокусот на изданието е љубовта кон филмот, но и страста на авторите кои преку документарната форма создаваат слики што остануваат. Според организаторите, секој филм што ќе биде прикажан во рамки на фестивалот може да се доживее како сон – внимателно создаден, споделен и оживеан пред публиката.

Почит кон Илинденка Петрушева – Бабе

Годинешното мото е поврзано и со делото на Илинденка Петрушева, која остави значаен белег во македонската филмска критика, филмологија и кинематографија.

Од „МакеДокс“ истакнуваат дека чувствуваат потреба да ја продолжат нејзината мисија – обновата на старите кина, поддршката на аматерскиот филм, грижата за филмските архиви и развојот на филмската култура.

Во таа смисла, „Само сонот е стварност“ не е само фестивалско мото, туку повик да се продолжи љубовта кон филмот, киното и големото платно.

Проекции во Куршумли ан, Сули ан и пред Музејот на Македонија

Годинава „МакеДокс“ ја поканува публиката во своите препознатливи фестивалски простори – Куршумли ан, Сули ан и платото пред Музејот на Македонија.

Таму ќе биде прикажана најсвежата документарна продукција, а фестивалот повторно ќе го претвори Скопје во отворен простор за филм, разговори, средби и заедничко доживување на документарната уметност.

„Што е филмот, ако не сон запишан на филмска лента и претворен во стварност на платното?“, порачуваат од фестивалот.

Поддршка за фестивалот

Седумнаесеттото издание на „МакеДокс“ е поддржано од Агенцијата за филм на Република Северна Македонија, Програмата МЕДИА на Креативна Европа, Институтот „Јунус Емре“ – Скопје, Амбасадата на Франција, Францускиот институт, Амбасадата на Шпанија, Италијанската амбасада, Словенечкиот филмски центар, Халк Банка, Скопско смут, Музејот на Македонија, Археолошкиот музеј, Факултетот за ликовни уметности, Лабораториум и такси Глобал.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img