домаМакедонијаМетеж на границите: На „Табановце“ за влез се чека 30 минути, на...

Метеж на границите: На „Табановце“ за влез се чека 30 минути, на „Богородица“ за излез околу еден час

- Advertisement -spot_img

На граничниот премин „Табановце“ за влез во државата се чека 30 минути, а на „Богородица“ за излез околу еден час, информира АМСМ. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Според АМСМ, сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на патните правци надвор од градските средини е зголемен.

Се препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img