Лидерот на СДСМ, Венко Филипче, објави фотографија на социјалните мрежи на која е во хируршка облека, проследена со порака.
Во објавата, Филипче, кој по професија е доктор, ја споредува хирургијата со политиката, наведувајќи дека едната бара прецизност, одговорност и „чисти раце“, додека, како што пишува, политиката што ја водат ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски е спротивна.
„Хирургијата бара прецизност, одговорност и чисти раце. Политиката што ја водат ВМРО и Мицкоски – обратно. Додека ние спасуваме животи, тие ја трујат државата со лаги, поделби и криминал. Време е конечно да се оперира системот. Без анестезија“, напиша Филипче во објавата на Фејсбук.






