Работиме на трајно и одржливо решение што ќе го одблокира нашиот европски пат – шефот на дипломатијата, Тимчо Муцунски во интервју за државната МИА потврди дека се водат разговори „под радарот“. Детали со јавноста не се споделуваат за да не се наштети на процесот.
Сепак, Муцунски вели дека постојат јасни црвени линии и позиции за кои не се преговара, и оти за ова прашање во земјава е потребен политички консензус.






