домаСветОбјавена е јасна сателитска снимка од Кримскиот мост по украинските напади

Објавена е јасна сателитска снимка од Кримскиот мост по украинските напади

- Advertisement -spot_img

На снимката се гледа главниот лачен дел од мостот, долг 19 километри, кој го поврзува руското копно со окупираниот украински полуостров Крим. Од тој дел, целата коловозна лента што се наоѓа веднаш до десната страна на лакот целосно исчезнала.

Јасниот сателитски приказ покажува дека делот од коловозот помеѓу носечкиот столб на главниот лак и соседниот столб целосно се урнал во морето. Во водата, околу конструкцијата, можат да се забележат заштитни пловечки бариери и баржи, со кои Русите се обидуваа да го заштитат преминот од поморски беспилотни летала.

Иако железничкиот лак на снимката останал на своето место, железничката пруга исто така претрпела оштетувања во нападите, поради што железничкиот сообраќај преку Керченскиот теснец е привремено целосно запрен.

Три напади за четири дена го запреа сообраќајот

Да потсетиме, украинската војска извршила три напади врз Кримскиот мост во рок од само четири дена, откако претходно, со недели, ги таргетирала руските системи за противвоздушна одбрана, радарите и опремата за електронско војување во тој регион. Во комбиниран напад на 17 ноември, уништен е голем дел од коловозната конструкција на мостот, а два дена подоцна, на 19 ноември, повторно била погодена и железничката линија.

Според проценките на европските разузнавачки служби, замена на урнатиот дел од конструкцијата би можела да потрае со месеци, особено ако украинските сили продолжат да го напаѓаат мостот додека траат работите на поправка. Поради прекинот на сообраќајот преку мостот, Русија е принудена поголемиот дел од воените залихи да ги пренасочи преку копнен коридор низ окупираниот југ на Украина, каде што нејзините камиони и возови се изложени на постојани напади од украински беспилотни летала.

Путин се закани и го нападна Киев

Кримскиот мост беше изграден од Русија по незаконската анексија на Крим во 2014 година, а во 2018 година лично го отвори претседателот Владимир Путин, кој минатата недела го нарече исклучиво цивилен објект и се закани со силен одговор.

Уште во петокот вечерта, уследи масовен руски напад со ракети и беспилотни летала врз украинските градови, при што загинаа најмалку осум лица, а во Киев беа оштетени три моста преку реката Днепар.

Извор: Индекс.хр

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img