домаЕкономијаКаматните стапки нема да паднат: За НБРМ неизвесноста е висока

Каматните стапки нема да паднат: За НБРМ неизвесноста е висока

- Advertisement -spot_img

Народната банка одлучи да ја задржи основната каматна стапка на 4,25 проценти, по редовната седница на Извршниот одбор одржана на 28 јули. Одлуката следува по јунското зголемување на каматата и се темели на најновите економски показатели и проценките за ризиците во домашното и меѓународното окружување.

Од Народната банка посочуваат дека девизниот пазар останува стабилен, а девизните резерви се на сигурно ниво и се доволни за одржување на стабилноста на курсот на денарот.

Годишната инфлација во јуни забавила на 3,4 проценти, што е пониско од очекувањата. Сепак, централната банка оценува дека е потребно повеќе време за да се потврди дека овој тренд е одржлив, особено поради високата неизвесност поврзана со геополитичките случувања, конфликтите на Блискиот Исток и во Украина и нивното влијание врз цените на енергенсите и синџирите на снабдување.

Во соопштението се наведува дека домашната економија и натаму покажува отпорност. Во првиот квартал од годинава бруто-домашниот производ пораснал за 3,1 процент, а достапните показатели упатуваат на можност за дополнително забрзување на економската активност во вториот квартал.

Народната банка истакнува дека ќе продолжи внимателно да ги следи економските и финансиските движења во земјата и во странство и, доколку биде потребно, ќе ги искористи сите расположливи инструменти за зачувување на ценовната и финансиската стабилност.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img