домаСпортВинчиќ судеше финале на СП, предизвика незадоволство кај многумина, па стави крај...

Винчиќ судеше финале на СП, предизвика незадоволство кај многумина, па стави крај на кариерата

- Advertisement -spot_img

Славко Винчиќ замина во пензија. Ја доживеа најголемата чест во кариерата судејќи го финалето на Светското првенство, во кое Шпанија ја победи Аргентина по продолженија (1:0).

Недолго потоа, тој одлучи да стави крај на својата долга и успешна кариера.

Информацијата ја потврди Фудбалскиот сојуз на Словенија, посакувајќи му многу среќа во следното поглавје од животот. По завршувањето на финалето, Славко и неговите помошници добија признание од Џани Инфантино и Доналд Трамп, а веројатно уште тогаш знаел дека ќе го „закачи свирчето на клин“.

Што се однесува до самото судење во финалето, неговите одлуки предизвикаа многу полемики. Главно поради тоа што не му покажа црвен картон на Леандро Паредес, кој го заслужуваше тоа во неколку наврати.

Со право го исклучи Енцо Фернандез и го поништи голот на Шпанија во првото продолжение, но на крајот, „Црвената фурија“ заслужено постигна гол преку Феран Торес и ја освои титулата.

Винчиќ имаше долга и успешна судиска кариера, но многумина го паметат по еден скандал.

Станува збор за настанот од 2020 година, кога беше приведен заедно со српската старлета Тијана Ајфон на приватна забава во близина на Бијелина.

„По состанокот со деловните партнери, бевме поканети на еден ранч на прослава и ја прифативме поканата. Таму имаше околу четириесет луѓе, а јас речиси никого од нив не познавав. Тоа се покажа како најголемата грешка во мојот живот. По полициската рација, бевме одведени на информативен разговор; објаснив дека не ги познавам тие луѓе, по што ми дозволија да се вратам дома во Словенија“, изјави тогаш Винчиќ.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img