Српскиот репрезентативец Душан Влаховиќ би можел да биде едно од најголемите изненадувања на летниот преоден рок. Иако неговото име се поврзуваше со клубови од најсилните европски лиги во последните недели, Бешикташ сериозно се вклучи во трката за неговиот потпис.
Според италијанскиот „Спорт Медиасет“, истанбулскиот клуб е подготвен да му понуди на Влаховиќ тригодишен договор вреден дури 13,5 милиони евра по сезона. Сепак, само платата не е најголемиот трошок. За да се реализира договорот, Бешикташ би морал да издвои околу 30 милиони евра за бонус за потпишување и провизии за агентите.






