Македонскиот вицешампион Шкендија загуби во Словенија од екипата на Браво со резултат од 2:1 на првото соочување од второто квалификациско коло во Конференциската лига на УЕФА.
Тетовскиот клуб загуби преку пресврт, откако Ендрит Красниќи беше сигурен од белата точка за отварање на резултатот во 10. минута. Шкендија подобро влезе во мечот и делуваше сигурно во нападот, но без реализација за поголема резултатска предност.
Домашниот тим брзо се врати во игра, откако по осум минути Рок Копатин најдобри се снајде во шеснаесетникот и погоди за 1:1 на полуврме.
Во вториот дел Браво беше подобар во однос на првите 45 минути, а до конечни 2:1 стигна преку гол на Јаков Станковиќ во 56. минута.
Шкендија се обидуваше да се врати во игра со гол за израмнување, но не ги резлизираше своите шанси.
Реваншот од овој меч е закажан за 30 јули на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје, каде Шкендија пред својата публика ќе бара позитивен резултат со кој тимот би можел да обезбеди трето квалификациско коло во Конференциската лига на УЕФА.






