домаМакедонија200.000 литри флаширана и над 100 тони техничка вода доставени во Гостивар

200.000 литри флаширана и над 100 тони техничка вода доставени во Гостивар

- Advertisement -spot_img

Во Гостивар досега се доставени 200.000 литри пакувана вода и повеќе од 100 тони техничка вода за да се ублажат последиците од кризата со водоснабдувањето, соопшти директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов.

Тој информираше дека пакуваната вода е обезбедена како донација од Министерството за локална самоуправа и Општина Неготино, а најави дека, доколку има потреба, ќе бидат обезбедени и дополнителни количини.

„По потреба можеме да обезбедиме дополнителна количина флаширана вода, онолку колку што е неопходно за граѓаните на Гостивар да имаат доволно вода за пиење. Денеска до граѓаните на Општина Гостивар е доставена повеќе од 100 тони техничка вода“, изјави Ангелов.

Според него, во акцијата за поддршка на Гостивар се ангажирани 13 цистерни и еден камион со резервоар за вода. Во моментот на прес-конференцијата осум цистерни веќе биле на терен, додека останатите биле во пристигнување.

Техничка вода веќе е обезбедена за Општата болница Гостивар, Здравствениот дом, детската градинка и Одделението за внатрешни работи, каде се поставени цистерни со различен капацитет.

Ангелов најави дека во текот на денот ќе пристигнат и дополнителни цистерни од повеќе општини и од Армијата, меѓу кои од Неготино, Кавадарци, Дебар, Тетово, Струга, Охрид, Скопје и Кичево, со цел да се обезбеди непречено снабдување со техничка вода додека трае кризата.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img