домаМакедонијаЛевица во Град Скопје ќе иницира вонредна седница за формирање фонд за...

Левица во Град Скопје ќе иницира вонредна седница за формирање фонд за обештетување на граѓаните погодени од невремето

- Advertisement -spot_img

Советничката група на Левица во Советот на Град Скопје ќе иницира свикување вонредна седница со единствена точка на дневен ред – формирање фонд за обештетување на граѓаните за штетите предизвикани од невремето на територијата на Град Скопје.

Невремето што го погоди Скопје предизвика значителни материјални штети врз домови, возила и друг имот на граѓаните. Во вакви околности, Градот има обврска да обезбеди итна финансиска поддршка за граѓаните кои претрпеа штети, наместо товарот целосно да падне врз нив.

Левица оценува дека последиците од невремето дополнително ја оголија неспособноста и негрижата на надлежните институции. Со години се игнорираат барањата за кастрење и отстранување на опасни дрвја, изостануваат превентивни мерки, а градските претпријатија повторно се покажаа неподготвени да одговорат на кризна состојба.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img