домаМакедонијаПосебен сообраќаен режим во Скопје поради посетата на индиската претседателка Мурму

Посебен сообраќаен режим во Скопје поради посетата на индиската претседателка Мурму

- Advertisement -spot_img

Скопјани и возачите во главниот град треба да сметаат на измени во сообраќајот во наредните денови, поради официјалната посета на претседателката на Република Индија, Друпади Мурму, која престојува во земјава од денеска до 23 јули 2026 година.

Поради посетата, СВР Скопје – Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе спроведе мерки за воведување посебен режим на сообраќај на сообраќајниците во поширокото централно подрачје на Скопје.

Од полицијата информираат дека мерките се преземаат со цел непречено одвивање на активностите поврзани со официјалната посета и обезбедување на сите учесници во сообраќајот.

СВР Скопје упатува апел до граѓаните да ги почитуваат наредбите и насоките што ќе ги даваат униформираните полициски службеници, како и да имаат трпение при евентуални краткотрајни застои и пренасочувања.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img