Поранешниот претседател на САД, Барак Обама, го критикуваше американскиот потпретседател Џеј-Ди Венс за неговите изјави во врска со имигрантите, истакнувајќи дека тие изјави ја занемаруваат животната приказна на неговата сопруга, г-ѓа Венс.
Зборувајќи за влијанието на Реконструкцијата врз Америка по Граѓанската војна, Обама го критикуваше Венс за неговиот нагативистички став кон имиграцијата, посочувајќи дека неговата сопруга – Уша Венс, е ќерка на имигранти, пренесува „Индипендент“.
„Една од нашите главни партии е заробена од политика која, не толку суптилно, сугерира дека фразата ‚ние, народот‘ се однесува на одреден вид луѓе. Имате актуелен потпретседател на САД кој држи говор што во суштина претставува верзија на ‚крв и почва‘ во рамките на ‚ние, народот‘. И тоа и покрај фактот што тој самиот е во брак со ќерка на имигранти“, рече Обама.






