домаМакедонијаРистовска: Не е точно дека Талир 2 ќе беше во моја надлежност...

Ристовска: Не е точно дека Талир 2 ќе беше во моја надлежност доколку не поднесев оставка

- Advertisement -spot_img

Во објава на социјалната мрежа „Фејсбук“, Ристоска објаснува дека како обвинител за врски, согласно правилникот за предлагање и упатување јавен обвинител за врски на Северна Македонија во Европравда, по правило можела да постапува по предмети регистрирани и во надлежност на Канцеларијата за врски, а по исклучок и по предмети по кои претходно постапувала, врз основа на одлука на државниот јавен обвинител.

Според неа, предметот „Талир 2“ не бил во надлежност на Канцеларијата за врски, туку таа постапувала по него врз основа на посебно овластување од државниот јавен обвинител.

„Со повлекувањето на тоа овластување отпадна и правниот основ по кој постапував во овој предмет“, наведува Ристоска.

Таа додава дека за ова лично го информирала обвинителот Савески на состанок пред да ја поднесе оставката, како и дека му посочила дека доколку бидат повлечени овластувањата по предметите по кои работела, тоа ќе биде причина за нејзино повлекување.

„Мојата оставка беше моја одлука, но таа, меѓу другото, беше последица на одземањето на основот да ги работам предметите“, напиша Ристоска.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img