домаМакедонијаЕК: Мешањата и притисоците од страна на другите власти кон судството, преставуваат...

ЕК: Мешањата и притисоците од страна на другите власти кон судството, преставуваат сериозна загриженост

- Advertisement -spot_img

Новиот извештај за владеење на правото на ЕК нотира – мешање и притисок врз судството од претставници на власта, измените на Кривичниот законик, постапката за разрешување на поранешниот јавен обвинител, висока корупција во јавните набавки и здравството.

Во документот од Брисел стои дека независноста на судството и автономијата на јавносто обвинителство се поткопани поради недоволните буџетски средства, а функционери на владата ја заслиле личната критика кон судиите и јавните обвинители. Пишува дека постапката за рзрешување против јавниот обвинител открила ризик од политизација и на крај доведе до негова оставка.

– Мешањето и притисоците од другите гранки на власта и понатаму предизвикуваат сериозна загриженост во однос на почитувањето на независноста на судството. Избрани функционери и претставници на Владата ја засилија личната критика кон судиите и јавните обвинители, обвинувајќи ги за корупција, а од највисоките владини структури беа дадени изјави за планови за „прочистување“ на судството и обвинителството. Ваквите изјави носат ризик да ја поткопаат независноста на судството и принципот на поделба на власта. Постапката за разрешување на главниот јавен обвинител откри ризик од политизација и недостатоци во правилата за разрешување, стои во документот.

Во извештајот стои дека несоодветната законска рамка, особено измените на Кривичниот законик од 2023 година, недоволните човечки и финансиски ресурси, но и долгото траење на судските постапки, и натаму претставуваат клучни пречки во борбата против корупцијата.

Според Брисел, случаите на корупција од висок профил ретко завршуваат со правосилни осудителни пресуди, што дополнително го поттикнува чувството на неказнивост. Во извештајот се оценува и дека ефикасноста на Јавното обвинителство и на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција останува ограничена, а како главни причини се големиот број предмети, недоволниот број јавни обвинители, застарената техничка опрема и недостигот од финансиски средства.

-И покрај неодамнешните напори за истражување и гонење на корупцијата, одложувањата во судските постапки, ретките правосилни пресуди и ограничените ресурси и понатаму го попречуваат воспоставувањето на силен биланс на резултати во предметите за корупција на високо ниво. Резултатите во борбата против корупцијата, особено кај предметите што се однесуваат на високи јавни функционери, останаа на приближно исто ниво како и во претходниот извештаен период, стои во документот.

Корупцијата во јавните набавки и здравството и патаму останува сериозен предизвик, оценува Брисел. Во извештајот е нотирано дека системот на јавни набавки е ранлив на корупција, со ограничена конкуренција и недоволно развиени антикорупциски механизми, додека во јавното здравство се уште е присутна широко распространета ситна корупција.

За работата на Собранието, Европската Комисија порачува дека ефикасноста е подобрена, но дека значителен број закони биле донесени по скратена постапка.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img