Несекојдневен и опасен инцидент се случил во ресенското село Курбиново, каде што жител бил нападнат од мечка додека престојувал во шумски предел.
Од Секторот за односи со јавност при СВР Битола информираат дека случајот бил пријавен вчера вечер во 19:50 часот.
Според полициските информации, Н.И. (41) од село Курбиново бил нападнат од мечка додека собирал печурки во близина на селото.
По нападот, повредениот маж веднаш бил пренесен во Битола, каде што му била укажана медицинска помош во Клиничката болница.
Засега нема дополнителни информации за тежината на повредите и околностите под кои дошло до средбата со дивото животно.
Случаите со средби меѓу луѓе и мечки во планинските и шумските предели се предупредување за внимателност, особено во периоди кога граѓаните често се движат низ природа поради собирање шумски плодови и печурки.






