домаМакедонијаСиљановска-Давкова: Клучниот датум за проширувањето на ЕУ е 30 септември

Сиљановска-Давкова: Клучниот датум за проширувањето на ЕУ е 30 септември

- Advertisement -spot_img

Клучен датум за иднината на процесот на проширување на Европската Унија е 30 септември, кога Европската комисија треба да излезе со извештај за новиот пристап кон проширувањето, изјави претседателката Гордана Сиљановска-Давкова.

Во интервју за Канал 5 телевизија, Сиљановска-Давкова рече дека на 30 септември Европската комисија првпат ќе го претстави моделот според кој ќе се одвива натамошниот процес на проширување, а потоа во октомври за истите прашања ќе расправа и Европскиот совет.

-Тоа се моментите што нам ни се важни за да ги процесуираме чекорите што сепак се можни и се договараат – истакна претседателката.

Осврнувајќи се на односите со Бугарија, таа изјави дека по неодамнешните контакти со бугарскиот претседател Румен Радев гледа простор за интензивирање на дијалогот и за барање заеднички решенија.

– Заклучокот е дека треба многу напор, многу добра волја за да чекориме некако. Треба нешто заедно да инвестираме за да дојдеме до некакво решение-истакна претседателката Сиљановска -Давкова.

Таа нагласи дека Бугарија по прашањата кон надвор настапува усогласено, без оглед на политичките разлики.

-Ние сме тука навистина еден интересен феномен, за разлика од Бугарија која секаде настапува едногласно, дури и кога не е во право – посочи Сиљановска-Давкова.

Осврнувајќи се на евроинтегративниот процес, претседателката оцени дека уставните измени сами по себе не претставуваат гаранција дека нема да се појават нови пречки на патот кон Европската Унија.

Според неа, изворот на потенцијалните идни блокади е Вториот протокол меѓу Скопје и Софија, чии одредби се инкорпорирани во преговарачката рамка и заклучоците на ЕУ.

-Патот сигурно ќе се отвори за момент, меѓутоа потоа на патот ќе се појави повторно нова препрека. Треба да го анулирате изворот на препреките, а тоа е Протоколот 2- потенцира Сиљановска-Давкова.

Таа повтори дека Македонија се залага за решение кое би ја спречило билатерализацијата на евроинтегративниот процес и оцени дека Европската Унија располага со механизми преку кои може да спречи блокади засновани на идентитетски прашања.

Во интервјуто, претседателката Сиљановска -Давкова посочи дека никој не може да гарантира оти во иднина нема да има ново вето од земја членка, но оти Унијата може да воспостави правила според кои евроинтеграцијата нема да се попречува поради прашања што не се поврзани со критериумите за членство.

Таа истакна дека земјава останува посветена на реформската агенда и оцени дека е подготвена да го следи темпото на државите кои најбрзо напредуваат кон членство во ЕУ.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img