Станува збор за песна со заразен летен ритам и позитивна атмосфера, која носи едноставна, но силна порака. „Џабе пари, полна вреќа, ако љубов немаме“, порачуваат тие во рефренот кој лесно останува во глава. Текстот и музиката се дело на Марко Слаткаристика и Борис Какуринов, а соработката ги спојува нивните препознатливи музички стилови во нумера создадена за летните денови.
Со видео записот, „ОК“ добива и своја визуелна приказна, која ја следи опуштената енергија на песната и дополнително ја заокружува нејзината атмосфера.
Публиката нема долго да чека за да ја слушне и во живо. Слаткаристика и Дупер ќе настапат заедно на концертот Slatkaristika & Friends, кој ќе се одржи на 2 август на „Билјанини извори“ во Охрид, каде „ОК“ сигурно ќе биде една од песните што ќе ја крене атмосферата.






