Американската војска започна втор бран напади врз Иран вечерва, објави Централната команда на Соединетите Американски Држави (CENTCOM).
Операциите започнаа во 15 часот по источно време, односно во 21 часот по централноевропско време.
„Нападите беа насочени кон иранските воени капацитети што се користат за закана на бродовите што слободно минуваат низ Ормутскиот теснец, меѓународен воден пат од клучно значење за светската трговија. Американската војска, по налог на врховниот командант, презема мерки за да го повика Иран на одговорност“, соопшти ЦЕНТКОМ.
Командата на САД сè уште не ги објави точните локации на нападите, бројот на погодени цели или видовите оружје што се користат во новата операција.






