домаМакедонијаЌе пропаднат ли над 4 милиони евра од ЕУ?

Ќе пропаднат ли над 4 милиони евра од ЕУ?

- Advertisement -spot_img

Партиите да ги искористат овие два дена и да ги испеглаат разликите околу изборниот законик, бидејќи утре истекува и дополнителниот грејс период за овој реформски закон кој доколку се донесе државата ќе добие нови 4,2 милиони евра од ЕУ за нејзините граѓани.

Ова е пораката на евроамбасадорот Рокас кој и денеска одговарајќи на новинарско прашање на оваа тема порача дека се уште е оптимист дека партиите ќе се договорат.

Иако имаше првично најави дека требаше да сe организира средба на ниво на парламентарните групи на опозициските партии во собранието а иницирана од Левица сепак и денеска информациите од законодавниот дом не се со позитивен исход во оваа насока откако Левица денеска потврдија дека до Бихаќка го пратиле предлогот за една изборна единица но нема позитивен одговор од нивна страна .

– Пратен е нашиот предлог до СДСМ за изборниот законик и за една изборна единица но тие одбиваат средба. Доколку има нови моменти јавноста секако ќе биде известена. До овој момент нема никаква промена на позициите.

Опозицискиот лидер Венко Филипче пак денеска вели СДСМ нема никаков проблем да прифати и гласа било каков закон кој се однесува за доброто на граѓаните вклучително и изборниот законик, но ако се однесува само на препораките од ОБСЕ и ОДИХР без притоа да постои било каква можност за изборен грабеж кој во конкретниот случај Филипче го гледа преку предлогот на Мицкоски кој се однесува во делот на гласањето на дијаспората преку пошта или електронски пат.

Од ВМРО-ДПМНЕ и денеска пак го вперија прстот кон опозициските партии дека и покрај тоа што биле спремни се да прифатат освен отстапки во делот на дијаспората сепак опозиционерите не можеле велат и не сакаат да постигнат договор.

Средба на парламентарните групи на опозициските партии беше најавена и вчера во рамките на законодавниот дом, но таа не се оддржа откао од Левица укажаа дека и покрај нивната иницијатива, СДСМ одббиле да разговараат поради нивниот став во врска со гласањето на дијаспората.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img