домаМакедонија„Најостра осуда за ниските и подмолни навреди на Фатмир Битиќи кон министерката...

„Најостра осуда за ниските и подмолни навреди на Фатмир Битиќи кон министерката Гордана Димитриеска-Кочоска“, велат од ВМРО

- Advertisement -spot_img

„ВМРО-ДПМНЕ најостро ги осудува ниските и подмолни навреди на Фатмир Битиќи кон министерката Гордана Димитриеска-Кочоска, која освен тоа што е носител на јавна функција, е и жена, мајка, ќерка и активен граѓанин на Република Македонија, човек со интегритет и докажана професионалност“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Нападите и омаловажувањата искажани од Фатмир Битиќи се одраз на слаб и исплашен човек. Само човек кој е несигурен во себе прибегнува кон ниски напади врз жена, сопруга и мајка.

Фатмир Битиќи, наместо јавноста да го препознава по професионалноста и својата работа, е познат единствено по својата етничка припадност во СДС, врз која ја гради својата политичка кариера, и по ништо друго. Веројатно и во СДС, а сигурно и Албанците, исто како и Македонците, се срамат што го имаат Фатмир Битиќи. Освен по тоа што по својата вокација беше неспособен министер за економија, ќе остане запаметен како дел од неспособниот и криминален мозаик на тандемот ДУИ–СДС.

Човек без кредибилитет и без доволно домашна култура навредува друг човек во отсуство на аргументи за расправа“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img