Познатата пејачка Бони Тајлер почина на 75-годишна возраст, објави Би-Би-Си. Таа беше позната по своите големи хитови „Total Eclipse of the Heart“, „Holding on for a Hero“ и „It’s a Heartache“. Веста за нејзината смрт ја потврди нејзиното семејство.
– Бони почина неочекувано синоќа во болница во Португалија, поради последиците од болеста од која се лекуваше таму – беше наведено. Во соопштението, тие додадоа дека бараат приватност во овој тежок период.
Музичката икона заврши во болница пред неколку месеци, а кон средината на јуни се разбуди од индуцирана кома во која беше повеќе од еден месец. Странските медиуми во тоа време објавија дека нејзината состојба останува сериозна и дека сите нејзини настапи се откажани. Здравствените проблеми на пејачката започнаа на почетокот на мај, кратко откако пристигна во Португалија, каде што има куќа и поминува голем дел од годината.
Таа беше однесена во болница поради интензивни болки во стомакот, каде што ѝ беше дијагностициран руптуриран слеп … Поради компликации за време на процедурата, таа беше ставена во индуцирана кома.
Подоцна португалските медиуми објавија дека имало големи компликации при обидот да ја разбудат, како и дека пејачката доживеала срцев удар и морала да биде реанимирана.






