Вчера од страна на полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје по претходно преземени мерки во напуштени подрумски простории во зграда на подрачјето на општина Аеродром пронајденa е поголема количина на разновидна наркотична дрога: бела грутчеста материја, халуциогени печурки, една кеса со поголема количина таблети-екстази, марихуана и три дигитални ваги.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот по што ќе следи соодветен поднесок.






