Синдикатот на вработените во Управата за јавни приходи денеска треба да го комплетира анексот на Колективниот договор со кој треба да им се исправи една голема неправа како што велат, а со тоа да ги добијат парите кои законски им следуваат. Во разговор за Телевизија 24 синдикалниот лидер Васе Неданоски вели дека е оптимиост и очекува со платата за јули да добијат и седум отсто зголемување на платата како и усогласувањето со растот на минималната односно дополнителни 1.600 денари.
„Со анексот се бара создавање на можности вработените ви УЈП да го искористат покачувањето на платите како и сите други вработени административни службеници во државата. Станува збор за седумте посто покачување и усогласувањето со минималната плата, односно сите покачувања на платите согласно произнесеното од владата 2026/27 и усогласување 2028 година. “
Синдикалците велет дека постои оптимизам дека ќе го убедат раководството на УЈП и нивните барања ќе бидат прифатени. Ова доаѓа откако во текот на вчерашниот ден раководството на УЈП спречил протест во државната институција кој се организирал токму поради тоа нивните барања за законското зголемување на платите. Според информациите вработените добиле маил во кој пишувало дека тие што ќе протестираат ќе заработат дисциплинска постапка, а според синдикалците на маилот лично била потпишана директорката Елена Петрова.
„Доколку слух нема, има демократски средства, сњекако дека ќе се спроведат активности. Не се исклучени сите можности секако и штрајк, меѓутоа оптимисти сме ќе се најде заедничко решение. “
Овие барања на синдикалците важат за околу 1000 вработени во УЈП.
Инаку, во 2023 година вработените на УЈП излегоа на протест и бараа раст на платите од 30 отсто, но наместо тоа, по неколку протести и штрајкови година подоцна добија зголемување од само 10 проценти.






