домаСветБрутален руски напад врз Киев, има загинати

Брутален руски напад врз Киев, има загинати

- Advertisement -spot_img

Силни експлозии го тресеа Киев со часови. Русија во текот на ноќта изврши голем комбиниран напад со стотици ракети и беспилотни летала. Пријавени десетици жртви и повредени од двете страни на реката Днепар. Според киевските власти, ова е „најмасовен напад“ врз украинската престолнина. Утрешниот ден е прогласен за ден на жалост за загинатите.

„Тоа беше еден од најголемите, ако не и најголемиот напад извршен од Русија врз украинскиот главен град Киев. Лансирани беа речиси 500 беспилотни летала и 34 ракети и за жал 25 од овие балистички ракети ги погодија целите. Секако, целите се цивилни станбени блокови, затоа бројот на жртви е толку голем. Утрешниот ден, 3 јули, е веќе објавен како Ден на жалост за оние што беа убиени во нападот“, изјави Јуриј Сак, поранешен советник во Министерството за одбрана на Украина.

Од Кремљ велат дека руските напади биле насочени „исклучиво кон воени цели“ и најавија продолжување на зголемениот притисок врз Киев.

„За време на брифингот до врховниот командант, началникот на генералштабот Герасимов, извести за резултатите од масовниот одмазднички напад што го започнаа руските вооружени сили врз Киев и други локации, во контекст на напади, се разбира, исклучиво врз воени или воено поврзани цели. Русија ќе продолжи да го зголемува притисокот врз режимот во Киев за да ги постигнеме нашите поставени цели“, изјави Дмитриј Песков, портпарол на рускиот претседател, Путин.

Илјадници жители на Киев ја поминаа ноќта во засолништа барајќи безбедност.

„Ужасно е. Прозорците на собите се скршени. Завесите се скинати, во кујната исто така“, изјави жителка на Киев.

„Кај 3, 4 часот наутро, зградата почна силно да се тресе, дури и на паркингот се почувствува силна вибрација, а потоа следуваше експлозија. Веднаш беше очигледно што се случи во близина“, изјави жител на Киев.

„Спиевме и тоа не спаси, бидејќи обично седиме тука до вратата и експлозијата ќе можеше едноставно да не убие“, додаде жителка на Киев.

„Една експлозија по друга. Имаше четири директни удари врз станбени згради. Сакаа да убијат луѓе – тоа беше нивната единствена цел“, изјави жител на Киев.

„Мојот сопруг, нашето куче и јас бевме во засолништето од бомби. Нема ништо останато во нашиот стан. Се што имавме е исчезнато. Се изгоре“, додаде жителка на Киев.

Нападот следуваше кратко откако украинскиот претседател предупреди дека Москва подготвува нов масовен воздушен удар. Во исто време, претседателот Путин по четврти пат од почетокот на војната реши да ја прошири централната управа на федералната служба за обезбедување, која е задолжена за неговата лична безбедност и за заштитата на највисоките државни институции.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img